Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Стоилов ќе го прескокне Египет, Лазаров ќе им даде шанса на тројца дебитанти

/

пред 1796 дена

Сподели преку :

Македонската ракометна репрезентација по неколкудневни подготовки во Скопје денеска отпатува за Каиро, каде утре и задутре ќе одигра две контролни средби со селекцијата на Египет. Селекторот Кирил Лазаров ги одбра 19-те играчи со кои ќе му се спротивстави на полуфиналистот од последните Олимписки игри во Токио.

За Египет не отпатуваа Стојанче Стоилов поради ситна повреда и поради фактот што му е потребен одмор пред згуснатиот распоред на натпревари со Вардар. Потоа од комбинација отпадна голманот Градимир Чаневски, Петар Атанасијевиќ и Томислав Јагуриновски, кој заработи мала повреда на подготовките. Лазаров одлучи да им даде шанса на тројца дебитанти, кои се очекува да добијат и минутажа, а тоа се Кристијан Симоноски, Марко Митев и Павле Атанасијевиќ.

Последен пат игравме со Египет на Светското првенство во јануари, чиј домаќин беа токму „фараоните“. Тимот на Роберто Гарсија Парондо ја прегази нашата селекција во групната фаза со 38-19 и ни го нанесе еден од најтешките порази на големите натпреварувања. Овие две контроли со африканскиот шампион се дел од подготовките за претстојното Европско првенство што се игра во јануари 2022 година.