Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Томовски: Покажавме карактер, важен за зголемување на самодовербата

/

пред 1671 дена

Сподели преку :

Голманот на Вардар, Мартин Томовски беше еден од клучните играчи за пресвртот во второто полувреме од дуелот против Елверум и благодарение на неговите интервенции и одличната игра во нападот “црвено-црните” успеаа да стигнат до нов триумф во шампионската лига.

“Добро го отворивме натпреварот, екипата почна на посакуваното ниво, но на стартот изостана поддршката од нас голманите. Подоцна се консолидиравме, дадовме се од себе за да стигнеме до победата и заслужено се радувавме. Благодарност до соиграчите за максималниот ангажман, што веруваа во себе и во моментите на криза кога противникот го презеде водството. Покажавме карактер, овој триумф е исклучително важен за зголемување на самодовербата пред наредните дуели со Веспрем”, изјави Томовски.

ФОТО: Игор Паневски