Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Триумф на Барти во Мелбурн за историја

/

пред 1709 дена

Сподели преку :

Светскиот рекет број 1, Ешли Барти триумфираше на Отвореното тениско првенство на Австралија. Домашната тенисерка влезе во историјата како прва кој по пауза од 42 години стигна до победа во Мелбурн и го освои третиот Гренд слем трофеј во кариерата.

Барти во голем стил го заврши настапот на домашниот турнир и до пехарот стигна без загубен сет совладувајќи ја Американката, Даниел Колинс со 6:3 и 7:6.

Пред победата во Мелбурн, Барти во својата колекција ги имаше трофеите во Вимблдон и Ролан Гарос и по Серена Вилијамс таа е првата активна  тенисерка која успеала да триумфира на сите три подлоги.