Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УЕФА го одложи натпреварот во Лондон

/

пред 1760 дена

Сподели преку :

Поради големиот број на позитивни фудбалери и членови на помошниот персонал на инфекција со корона вирусот во редовите на Тотенхем, УЕФА донесе одлука да го одложи натпреварот од последното коло во Конференциската лига против Рен што требаше да се одигра утре во Лондон.

“Сакаме да ја информираме јавноста дека дуелот од Г групата во Конференциската лига на УЕФА против Рен утре нема да се игра. Во екипата има голем број на позитивни на инфекција со корона вирусот и поради овој натпревар е одложен, а за терминот на одигрување дополнително ќе бидеме известени”, се вели со соопштението на Тотенхем.

Во моментов позитивни на тестовите се осум фудбалери и пет членови на помошниот персонал, а во текот на денот менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте соопшти дека на располагање има само 11 играчи.