Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Усик од фронтот во Украина: Татковината и честа ми се поважни

/

пред 1690 дена

Сподели преку :

Светскиот шампион во бокс во тешка категорија Олександар Усик моментално се наоѓа на фронтот во Украина. Тој реши да се врати во татковината веднаш по инвазијата од Русија и да земе оружје во раце. Усик вели дека неговата кариера во моментов не му е важна ниту пак го интересира реваншот со Ентони Џошуа.

Усик во септември минатата година освои четири шампионски појаси во тешка категорија откако го победи Ентони Џошуа. Тој требаше да се подготвува за реванш против Британецот ова лето, но Украинецот реши да се придружи на војната против Русија.

„Навистина не знам кога повторно ќе се вратам во рингот. Во моментов мојата земја и мојата чест се многу поважни отколку некој шампионски појас“, рече боксерот во интервју за „Си-Ен-Ен“.

Усик не е единствениот боксер на украинскиот фронт, бидејќи таму се и браќата Кличко, но и Василиј Ломаченко.