Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферстапен го обои „Зандворт“ во портокалово

/

пред 1854 дена

Сподели преку :

Макс Ферстапен славеше на домашната трка за Големата награда на Холандија и го презема водството во генералниот пласман во Формула 1 шампионатот.

Возачот на Ред Бул ја имаше пол-позицијата на патеката „Зандворт“ и водеше од почеток до крај на трката. За Холанѓанецот ова беше седма победа сезонава, а финишираше пред двајцата возачи на Мерцедес, Луис Хамилтон и Валтери Ботас.

Четврти беше Пјер Гасли од Алфа Таури, по него следуваше пилотот на Ферари, Шарл Леклер, Фернандо Алонсо, Карлос Сајнц, а во поени влегоа и Серхио Перез, Естебан Окон и Ландо Норис.

Во генералниот пласман Ферстапен се проби на првото место со 224,5 поени или три повеќе од шесткратниот шампион Хамилтон.

Следниот викенд се вози трката за Големата награда на Италија на патеката „Монца“.