Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ферстапен на јубилејот на Силверстон ја прекина доминацијата на Мерцедес

/

пред 2246 дена

Сподели преку :

Пилотот на Ред Бул,Макс Ферстапен успеа да ја прекине победичката серија на Мерцедес во 2020.Холанѓанецот имаше перфектен избор на стратегија и пневматици што ги изненади фаворитите од германската екипа.Освојувачот на пол позиција, Валтери Ботас заврши на 3.место ,откако во завршницата беше престигнат од  Луис Хамилтон.Победникот на последните три трки,финишираше зад Ферстапен со заостанување од 11 секунди.Во пласман за бодови од 4 до 10 место влегoа Леклер на со Ферари,Албон на Ред Бул,Строл и Хулекнберг од Рејсинг Поинт,Окон од Рено,Норис од Мекларен и Квјат од тимот на Алфатаури.Со деветтата победа во кариерата , Ферстапен  се проби до 2 место во генералниот пласман . Холанѓанецот има 77 бода,30 помалку од водечкиот Хамилтон.Следната 6.трка од сезоната ќе се вози на 16 август во Барселона.