Во последниот натпревар од октомврискиот циклус на натпревари, македонската фудбалска репрезентација освои бод во дуелот против Грузија откако на арената Тодор Проески мечот заврши без победник 1:1.
Бодот на селекцијата на Македонија и го донесе Езгијан Алиоски кој во првата минута од судиското надополнување прецизно изведе удар од 11 метри. Претходно гостите поведоа со погодокот на Квича Квартацкелија во 74-тата минута.
ФОТО: Игор Паневски






















