Јарослава Махучик го освои златниот медал за Украина во скок во височина на Светското првенство во атлетика во сала што се одржува во Белград.
Во неизвесно натпреварување, Украинката во денешното финале прескокна 202 сантиметри што е најдобар резултат во светот сезонава. Среброто и припадна на Еленор Патерсон од Австралија која забележа 202 сантиметри, а трета со 198 е Надежда Дубовитскаја од Казахстан.
ФОТО: Игор Паневски






















