Македонската одбојкарска репрезентација повторно ќе биде дел од европската елита. По триумфот на Турција во последниот натпревар на квалификацискиот турнир во Скопје, нашата селекција по втор пат едно по друго ќе настапи на континенталните првенства.
Вечерва во А1 арената Борис Трајковски, македонските одбојкари ја совладаа Турција со 3:1 (25:19, 21:25, 25:23, 25:18) и како една од петте најдобро второпласирани селекции се пласираше на Европскиот шампионат.
ФОТО: Игор Паневски






















