Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ФФМ ги откажа баражите за Втората лига Запад

/

пред 2280 дена

Сподели преку :

Фудбалската федерација на Македонија ги откажа бараж натпреварите за пополнување на Втората лига откако вкупно 13 фудбалери биле позитивни на Ковид 19.

Позитивните резултати се регистрирани кај играчи на на Чакалани и Фортуна Форино кои требаше да се борат за пласман во Втората лига Запад.

Според пропозициите на натпреварувањето екипата која ќе се пласира во повисок ранг ќе биде одредена со жрепка во која покрај овие два клуба ќе учествува и Велешта.

Што се однесува до баражот за пополнување на втората лига Исток се уште не се знае дали ќе се одигра бидејќи се чекаат резултатите од тестирањето на фудбалерите на Росоман и Слога Виница.