Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фјури против Вајлдер во декември

/

пред 2284 дена

Сподели преку :

Третиот дуел меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер најверојатно ќе се одржи на 19 декември. Според претходните договори третиот дел од мечевите на двајцата шампиони во тешка категорија требаше да биде на програмата во текот на овој месец во Лас Вегас, но поради пандемијата со Ковид 19 тој беше откажан.

Промотерите на двајцата боксери веруваат дека овој датум состојбата со пандемијата ќе се стабилизира и дека ќе биде дозволено барем половина од капацитетот на арената да биде пополнет.

Соочувањето меѓу Фјури и Вајлдер не може да се одлага на подолг рок бидејќи Британецот веќе има договор за мечеви со сонародникот Ентони Џошуа.