Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фјури ќе боксува против Вајт

/

пред 1760 дена

Сподели преку :

Во текот на следната година ќе се одржи уште еден голем боксерски спектакл. Светскиот боксерски совет даде дозвола за почеток на преговорите за одржување на дуелот меѓу Тајсон Фјури и Дилијан Вајт.

И покрај сите обиди на шампионот да се избегне мечот со Вајт, WBC наложи промотерските тима на двајцата боксери да најдат заеднички јазик околу терминот на одржувањето.

Неофицијално дуелот ќе се одржи кон средината на следната година, а потоа се очекува победникот од ова соочување кон крајот на 2022-та да најде во рингот со  поуспешниот од дуелот меѓу Александар Усик и Ентони Џошуа во меч за обединување на титулите во тешка категорија