Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Јунајтед бара одложување на дуелот со Брентфорд

/

пред 1755 дена

Сподели преку :

Поради неколку позитивни резултати на тестирањето на инфекција со корона вирусот Манчестер Јунајтед од раководството на Премиер лигата побара да се одложи натпреварот со Брентфорд кој треба да се одигра утре со почеток во 20 часот и 30 минути.

“Манчестер Јунајтед потврдува дека во екипата имаме неколку позитивни случаи на корона вирусот. Меѓу позитивните има фудбалери и помошен персонал и поради тоа донесовме одлука да го затвориме тренинг центарот на најмалку 24 часа за го превенираме натамошното ширење на вирусот. Луѓето позитивни на тестирањето според протоколите на Премиер лигата се во изолација”, се вели во соопштението на клубот.

Со сличен проблем се соочува и Астон Вила, а веста ја потврди менаџерот Стивен Џерард, но тој не сакаше да говори дали клубот од Бирмингем ќе побара одложување на дуелот со Норич.