Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ал Хилал сака да го претстави Меси на 6.јуни

/

пред 1221 дена

Сподели преку :

Лионел Меси вечерва ќе го одигра последниот натпревар за ПСЖ и ќе си замине како слободен агент.

Иако Барселона сака да го врати Аргентинецот во своите редови, а и Интер Мајами притиска да го доведе во МЛС-лигата, се чини дека еден од најдобрите играчи на сите времиња ќе тргне по стапките на Кристијано Роналдо и ќе се  пресели во Саудиска Арабија.

Ал Хилал планира промоција на Меси веќе во вторник односно на 6.јуни. Овој клуб е подготвен да му понуди на Аргентинецот двегодишен договор вреден преку 600 милиони евра.

Во Саудиска Арабија се очекува да се пресели и Серхио Рамос, кој исто така го напушта ПСЖ како слободен агент.