Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ал Хилал за Мбапе ќе плати милијарда евра

/

пред 1170 дена

Сподели преку :

Клубовите од Саудиска Арабија и натаму доминираат на фудбалскиот пазар, а се чини дека Ал Хилал е на прагот да го реализира најсензационалниот трансфер во историјата.

Пари Сен Жермен ја прифати понудата од 300 милиони евра за предвремен раскин на договорот со Килијан Мбапе, а францускиот репрезентативец за соработка со Ал Хилал ќе инкасира неверојатно 700 милиони.

Понудата е ставена на маса, Пари Сен Жермен даде позитивен одговор, но сега останува да види како ќе реагира еден од најдобрите фудбалери на планетава, кој упорно стои на ставот дека не сака да си замине од клубот и дека сака да остане и во следната сезона, а потоа како слободен играч да потпише договор со Реал Мадрид.

ФОТО: Игор Паневски