По Нејмар и Данило, Алекс Сандро е новото име на листата на повредени фудбалери во репрезентацијата на Бразил.
Левиот бек на последниот натпревар против Швајцарија заработи повреда на колкот и поради тоа мораше да го напушти теренот во 86-тата минута.
Лекарскиот тим во репрезентацијата на Бразил констатираше дека не станува збор за сериозна повреда, но од превентивни причини препорача тој да го пропушти претстојниот дуел со Камерун.
ФОТО: Игор Паневски











