Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкалоид имаше добра ждрепка: Во ЕХФ Купот ќе игра со претпоследниот тим од Австрија

/

пред 705 дена

Сподели преку :

Ракометниот клуб Алкалоид ќе се соочи со Вест Виен во третото коло од ЕХФ Купот. Денешната ждрепка во Виена го спои македонскиот претставник со тимот од Австрија, а натпреварите се играат следниот месец.

Алкалоид во втората рунда го елиминираше Драгунас Клаипеда од Литванија и тоа со две победи. Во Скопје беше +11 за избраниците на тренерот Кирил Лазаров, а во Клаипеда скопскиот состав славеше со шест голови разлика.

Вест Виен е актуелен освојувач на австрискиот Куп иако овој тим лани се натпреваруваше во Втората австриска лига. Оваа сезона тимот по седум кола во елитата има само една победа и шест порази. Ако се суди според овие резултати, Алкалоид треба да ја има фаворитската улога да се пласира во четвртата рунда од ЕХФ Купот.

Алкалоид е домаќин на првиот натпревар на 23 или 24.ноември, додека реваншот ќе биде во Виена седум дена подоцна. Победниците ќе продолжат во осминафиналето, кое ќе се игра во февруари 2025 година.

За потсетување, Алкалоид е единствениот македонски тим во ЕХФ Купот откако Охрид испадна од  романскиот тим Потаиса Турда.

Фото: Игор Паневски