Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкалоид рутински против младинскиот состав на Охрид

/

пред 484 дена

Сподели преку :

По поразот од Еурофарм Пелистер пред неколку денови, ракометниот клуб Алкалоид им се врати на победите во плеј-офот. Избраниците на тренерот Кирил Лазаров славеа против Охрид со 33-24 во натпревар од 9.коло.

Охрид дојде во Автокоманда со младинскиот состав, бидејќи утре го очекува дерби против Тиквеш на домашен терен во рамки на последното 10.коло. Тој дуел им е далеку поважен на охриѓани, бидејќи решава за пласман во Европскиот куп, односно за 4.место на табелата.

Алкалоид играше со половина сила, па по првото полувреме имаше мала предност од 11-9. Во вториот дел, скопјани влегоа малку посериозно и брзо направија предност, што на крајот изнесуваше 33-24. Мартин Гарбески со осум голови беше најефикасен кај Алкалоид, додека кај Охрид, Винисиус имаше девет голови.

Тимот од Автокоманда денеска се збогуваше со тројца ракометари кои ќе го напуштат клубот летово, а тоа се Давид Савревски, Блаојче Трајкоски и Португалецот Франциско да Силва.

Алкалоид во последното коло гостува кај Бутел во недела, додека утре на програмата е вечното дерби помеѓу Вардар и Еурофарм Пелистер, кое решава за шампионската титула. Битолчани мораат да победат во „Јане Сандански“ за да го одбранат тронот, во спротивно Вардар ќе ја врати титулата во Скопје.