Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкалоид сезоната во Европската лига ја отвора против Војводина

/

пред 1165 дена

Сподели преку :

Македонскиот вицепрвак Алкалоид во моментов е единствениот сигурен учесник во фазата по групи во Европската лига на ЕХФ.

Ракометарите на Алкалоид дебито на европската сцена ќе го имаат на 17 октомври во Скопје, а противник е шампионот на Србија, Војводина.

Во следното коло на 24 октомври, Алкалоид и гостува на Ла Риоха, а еден месец подоцна следува и соочувањето со Силкеборг во Скопје.

Во последните две рунди на 28 ноември, Алкалоид гостува во Нови Сад, а на петти декември на домашен терен игра против Ла Риоха.

Доколку ракометарите на Вардар успеаат да ја минат првата пречка во квалификациите Рајн Некар Левен, настапот во фазата по групи би го отвориле на 17 октомври со гостување во Крисијанштад, а седум дена подоцна следува и домашен натпревар против Нант.

ФОТО: Игор Паневски