Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз без проблеми во четвртфиналето

/

пред 1125 дена

Сподели преку :

Светскиот рекет број 1, Карлос Алкараз без поголеми проблеми се пласираше во четвртфиналето на Отвореното тениско првенство на САД откако во три сета со 6:3, 6:3 и 6:4 триумфираше над 61. играч на АТП листата, Матео Арналди.

Андреј Рубљов место меѓу осумте најдобри на последниот Гренд слем во сезоната обезбеди откако со 3:1 во сетови го елиминираше Британецот, Џек Дрејпер, а третиот фаворит Данил Медведев со истиот резултат славеше во соочувањето со Алекс Де Минаур.

Место меѓу осумте најдобри обезбеди и Александер Зверев откако по голема борба во меч што траеше 4 часа и 42 минути го совлада Јаник Синер.

ФОТО: Игор Паневски