Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз испиша нова тениска историја со триумфот на Ролан Гарос (ВИДЕО)

/

пред 846 дена

Сподели преку :

Карлос Алкараз го освои Ролан Гарос откако во големото финале денеска во пет сета го победи Александер Зверев и стигна до својата трета грен слем титула во кариерата.

Шпанскиот тенисер го освои првиот сет со 6-3, но Германецот врати во вториот со 2-6. Зверев направи пресврт во третиот сет откако се врати од негатива 5-2 и го освои сетот со 5-7. Во следните два сета Алкараз апсолутно доминираше и му дозволи на ривалот да освои вкупно три гема, односно до трофејот дојде со 6-1 и 6-2.

Со 21 година, Шпанецот стана најмладиот тенисер што освоил грен слем трофеи на сите три подлоги, бидејќи во 2022 година славеше на Ју Ес Опен, лани го освои Вимблдон и оваа година Ролан Гарос. За да ги комплетира сите големи трофеи му треба и славје на Австралија опен, каде засега најдобриот пласман му е четвртфинале.