Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз повторно лидер на АТП листата

/

пред 1294 дена

Сподели преку :

По триумфот во Индијан Велс, Карлос Алкараз повторно се враќа на првото место на АТП листата потиснувајќи го на втората позиција досегашниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ.

Шпанецот оваа недела ќе има 260 бода повеќе од српскиот тенисер, а на третата позиција останува Стефанос Циципас пред Каспер Руд и Данил Медведев кој напредуваше за едно место.

Скок од четири позиции бележи Феликс Оже Алиасим, кој оваа недела ќе мине на шестото место додека седми е Андред Рубљов.

Најдобрите десет ги комплетираат Холгер Руне, Хубер Хуркач, кој од 11-тото се најде на деветтото место и Тејлор Фриц.

Американецот е најголемиот губитник оваа недела бидејќи минатата беше петти тенисер на светот, а сега е на 10-тата позиција.

ФОТО: Игор Паневски