Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз против Лајовиќ во четврфиналето во Рио

/

пред 1318 дена

Сподели преку :

Карлос Алкараз мораше добро да се помачи за да се пласира во четвртфиналето на АТП турнирот во Рио, каде ја брани титулата освоена лани.

Младиот шпански тенисер славеше со пресврт против Фабио Фоњини во реприза на ланското полуфинале. Искусниот Италијанец го доби првиот сет во тај-брејкот, но потоа Алкараз врати во следните два сета со 6-2 и 6-4. За Алкараз ова е шеста победа на шестиот меч во 2023 година откако го пропушти стартот на сезоната поради повреда. Тој веќе и има титула зад себе во Кордоба освоена минатата недела.

Негов ривал вечерва во четвртфиналето ќе биде Душан Лајовиќ, а останатите двојки се Алберт Рамос Вињолас против Бернабе Запата Мираљес, Камерон Нори против Хуго Делиен и Себастијан Баез против Николас Јари.