Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз славеше на Ју-Ес опен за кам-бек на првото место, шеста грен слем титула и 5 милиони долари

/

пред 390 дена

Сподели преку :

Карлос Алкараз синоќа го победи Јаник Синер во финалето на Ју-Ес Опен и се искачи на првото место на АТП ранг-листата на сметка на својот ривал. Шпанецот последен пат беше на врвот на светскиот тенис во септември 2023 година, а од Њујорк си заминува и побогат за 5 милиони американски долари.

Шпанскиот тенисер дури во финалето го загуби првиот сет на грен слемот, бидејќи славеше во четири сетови со 6-2, 3-6, 6-1 и 6-4. Со победата го замени Синер на првото место на светската листа на најдобри тенисери и го прекина владеењето на Италијанецот од 65 недели.

Во третото меѓусебно грен слем финале по ред годинава, Алкараз апсолутно доминираше и заслужено дојде до втората голема титула по онаа на Ролан Гарос. Синер беше подобар во финалето на Вимблдон, а Италијанецот исто така има две грен слем титули сезонава, бидејќи славеше и во Австралија, но против Александер Зверев во финалето.

Алкараз воедно стана и вториот најмлад тенисер во опен ерата со 22 години и 125 денови што стигнал до шест грен слем трофеи, надминувајќи го својот идол Рафаел Надал, а врвот се уште го држи Бјорн Борг со 22 години и 32 дена.

За Синер мала утеха ќе биде тоа што со 24 години стана најмладиот тенисер во историјата што играл финале на сите четири грен слем турнири во една година.