Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Алкараз во полуфиналето на АТП турнирот во Рио

/

пред 1317 дена

Сподели преку :

Поранешниот светски рекет број 1, Карлос Алкараз ја продолжи победничката серија во 2023 година и се пласираше во полуфиналето на АТП турнирот во Рио де Жанеиро.

Деветнаесет годишниот Шпанец место меѓу четирите најдобри обезбеди откако во два сета со 6:4 и 7:6 триумфираше во мечот против Душан Лајовиќ и ја забележа седмата победа во низа во оваа година.

Противник за место во финалето ќе му биде Николас Хари од Чиле кој славеше над шестиот фаворит, Себастијан Баез од Аргентина.

Пласман меѓу четирите најдобри обезбеди и Британецот, Камерон Нори по елиминацијата во три сета на Уго Далиен додека Бернабе Запата Мираљес од Шпанија забележа победа во соочувањето со сонародникот Алберт Рамос Вињолас.

ФОТО: Игор Паневски