Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американци малцински акционери во ПСЖ

/

пред 1033 дена

Сподели преку :

Францускиот шампион Пари Сен Жермен објави дека од вчера американска групација купила малцински пакет од акциите на клубот.

Групацијата Арктос Парнерс купила 12,5 проценти од акциите и сумата што ќе се вложи ќе се искористи за финансирање на изградбата на новиот стадион како и обнова на клупскиот тренинг центар.

Арктос Партнерс нема да има никакво влијание во управувањето на Пари Сен Жермен, но влегувањето на оваа групација значи дополнителна финансиска стабилност на клубот и гаранција за идните вложувања.

Новиот акционер во Пари Сен Жермен во последниве месеци интензивно е активен на спортскиот финансиски пазар откако пред повеќе од четири недели вложи 1,26 милијарди долари во формула 1 тимот, Астон Мартин.

ФОТО: Игор Паневски