Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Американците го отпуштија селекторот па сега сонуваат за Јирген Клоп

/

пред 816 дена

Сподели преку :

Грег Берхалтер синоќа доби отказ од Американскиот фудбалски сојуз по разочарувачкиот резултат на Копа Америка, каде САД не ја мина групата иако е домаќин на турнирот.

По пет години на клупата Американците решија дека е добар момент за промена со цел нов селектор да го води тимот на Светското првенство во 2026 година на кое САД е ко-домаќин со Канада и Мексико.

Според најновите шпекулции, прв на листата на желби за нов селектор на САД е Јирген Клоп. Германецот е слободен по заминувањето од Ливерпул, но неговиот план беше да оди на подолг одмор од фудбалот. Можеби добра финансиска понуда од Американците ќе го предомисли да ја преземе селекторската функција и да го води тимот на Мундијалот за две години.