Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Андреас Трајковски постави нов македонски рекорд во скок во далечина

/

пред 1162 дена

Сподели преку :

Атлетичарот Андреас Трајковски на митингот во Инеринген Хетинген постави нов македонски рекорд во скок во далечина. Тој всушност го подобри својот рекорд поставен во мај годинава.

Трајковски успеа да прескокне 7,91 метри и постави нов национален рекорд во дисциплината скок во далечина. Одличната форма во Германија ја потврди со тоа што дури три пати го подобри македонскиот рекорд, а во последниот скок постигна 7,91 метри.

Овој резултат на Трајковски му донесе 1.118 бодови на табелата на Светска атлетика и тоа ќе значи нов скок на Светската и Европската ранг листа. Во овој момент, Андреас е 22-ри на Европската ранг листа и 70-ти на Светската ранг листа.

“Многу сум среќен, немам зборови. Тренирав навистина напорно оваа сезона и мојата напорна работа се исплатеше. 7,91 метри е одличен резултат, иако тоа не беше совршен скок. Да имав совршен скок и добар одраз од даската за скокање ќе беше над 8 метри. Нормата за учество на Европското првенство во атлетика е 8 метри и наскоро треба да ми биде на дофат! Верувам во себе и со напорна работа ќе се оствари“, изјави Андреас Трајковски после натпреварот во Хетинген.

Одличните настапи покажуваат дека Андреас се наоѓа во одлична форма и ќе успее да се избори за пласман на Европското првенство што ќе се одржи во Рим следната година.