Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ангеловски си поднесе оставка по поразот од Алкалоид

/

пред 711 дена

Сподели преку :

Еурофарм Пелистер ќе има нов тренер во продолжението од сезоната, бидејќи актуелниот предводник Бранислав Ангеловски вечерва си поднел оставка и тоа веднаш по поразот од Алкалоид во домашното првенство.

Битолчани вечерва во „Автокоманда“ загубија од Алкалоид со 32-25 и го запишаа вториот сезонски пораз во Суперлигата по осум одиграни кола, бидејќи претходно загубија и од вечниот ривал Вардар (27-24).

Сезонава Еурофарм Пелистер освои само еден бод во Лигата на шампиони од пет натпревари, па веќе во четврток против Веспрем тимот ќе биде предводен од нов тренер.

Ангеловски седна на клупата во Битола во текот на минатата сезона на местото на Александар Јовиќ и го одведе тимот до шампионската титула, но ги загуби трофеите во Купот и Суперкупот.