Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Англија и Холандија во полуфиналето на Евро 2024

/

пред 821 дена

Сподели преку :

Репрезентациите на Англија и Холандија ги комплетираа полуфиналните двојки на Европскиот фудбалски шампионат.

Англичаните во првиот дуел од денешната програма по подобро изведување на пенали ја елиминираа Швајцарија откако по 120 минути резултатот беше 1:1.

Швајцарија поведе со голот на Брел Емболо во 75. минута, а само пет минути подоцна Букајо Сака го израмни резултатот.

Во пенал серијата Мануел Аканџи не успеа да реализира што беше доволно за Англија да се пласира во полуфиналето.

Последниот четвртфинален дуел беше единствениот кој се реши во деведесет минути. Холандија славеше над Турција со 2:1.

Турците поведоа со голот на Самет Акајдин во 35. минута.

Во второто полувреме Холанѓаните направија пресврт за шест минути. Во 70. Стефан де Фрај израмни на 1:1, а во 76. Мерт Мулдур ја погоди сопствената мрежа.

ФОТО: Игор Паневски