Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Англија веќе има предност против Македонија: Фановите на „Гордиот Албион“ го совладаа ФК Слободен (ВИДЕО)

/

пред 1051 дена

Сподели преку :

Во пресрет на вечерашната пресметка помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Англија во рамки на квалификациите за Европското првенство во 2024 година, синоќа на теренот во Петровец се одигра пријателски натпревар помеѓу ФК Слободен и навивачите на Англија.

Фановите на „Гордиот Албион“ традиционално на секое гостување на својата репрезентација играат натпревар со некој локален домашен клуб. Во овој случај, тоа беше скопскиот нисколигаш Слободен, кој се натпреварува во општинската лига.

Иако во преден план беше заедничката дружба, ширење на пријателства и фудбалските разговори, сепак на крајот имаше победник. Тоа беа англиските навивачи кои славеа триумф од 3-2.

Вечерва натпреварот помеѓу фудбалските репрезентации на Македонија и Англија се игра со почеток од 20:45 часот на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

ФОТО: ФК Слободен