Рома го доведе шпанскиот интернационалец Анхелињо на шестмесечна позајмица од таборот на Лајпциг.
Левиот бек не е во плановите на тренерот Марко Розе, па откако изминатата половина сезона ја мина во Галатасарај, сега се сели во Рим. „Волчицата“ следното лето ќе има опција да го откупи Анхелињо и тоа за скромни пет милиони евра.
Шпанецот во минатата освен за Лајпциг играше и за Хофенхајм како позајмен играч, потоа беше дел од Манчестер сити, ПСВ, НАК Бреда, Мајорка и Њујорк сити ФЦ.











