Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Арсенал во Кимих гледа идеално засилување за следната сезона

/

пред 915 дена

Сподели преку :

Арсенал е еден од главните кандидати за потписот на Џошуа Кимих од Баерн Минхен. Германецот ова лето ќе има откупна клаузула од 40 милиони евра во својот договор со Баварците што му истекува во летото 2025 година.

Шпекулациите се дека Кимих сака нов предизвик во кариерата, а менаџерот на Арсенал, Микел Артета ќе се обиде да го убеди да се пресели во Лондон. Германскиот репрезентативец игра на позицијата десен бек, но подеднакво добро се снаоѓа и во средниот ред, а токму тоа го прави интересен за многу клубови.

Се очекува понуди за Кимих да испратат и Манчестер јунајтед, Барселона, но и уште неколку други европски гиганти.