Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Асефа постави нов светски рекорд во маратон, историја за Кипчоге во Берлин

/

пред 1105 дена

Сподели преку :

Тигит Асефа го сруши светскиот рекорд во маратон откако денеска славеше во Берлин. Во машка конкуренција славеше Елиуд Кипчоге кој исто така испиша нова историја во оваа атлетска дисциплина.

Етиопјанката ја мина целта на маратонот во Берлин со време од 2 часа, 11 минути и 53 секунди и за повеќе од две минути го сруши претходниот рекорд на Бригит Косгеи поставен во Чикаго во 2019 година.

Двојниот олимписки шампион во маратон, Кпчоге славеше во машка конкуренција со време од  2 часа, две минути и 42 секунди и тоа за него беше рекордна петта победа во германскиот главен град.