Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атлетико Мадрид не сака размена со Барселона

/

пред 1241 дена

Сподели преку :

Барселона во текот на јануарскиот преоден рок дозволи трансфер на Мемфис Депај во Атлетико Мадрид, а како дел од договорот била предвидена преселба на Јаник Караско на Камп Ноу и дека по завршувањето на сезоната ќе се разговара за висината на обештетувањето.

Според последната информација клубот од престолнината ја одбил можноста за размена и дека Каталонците мора да платат обештетување од 19 милиони евра.

Со оглед на фактот дека Барселона е во лоша финансиска ситуација, тренерот Чави на челниците на клубот им посочил дека во трансферот може да се вклучи и Феран Торес кој се наоѓа на листата на прекубројни.

Караско со Атлетико има договор до 2024 година и е подготвен да му дозволи на репрезентативецот на Белгија да направи трансфер, но посакува и од него да заработи.

ФОТО: Игор Паневски