Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Атлетико мора да заработи 40 милиони евра

/

пред 1564 дена

Сподели преку :

Мадридски Атлетико се наоѓа во лоша финансиска ситуација и претседателот на клубот, Енрике Серезо изјави дека во текот на летниот преоден рок потребно е да се продадат неколку фудбалери се со цел да се задоволат критериумите за финансискиот фер плеј.

Првиот човек на клубот истакна дека за да може да се активира на трансфер пазарот во текот на летово мора да се продадат играчи од кои ќе се заработи најмалку 40 милиони евра.

Тоа е сумата која е потребна за покривање на негативата за исполнување на критериумите од финансискиот фер плеј, но и да се доведат соодветни засилувања кои екипата би ја направиле поконкурентна во битката за трофеите во Шпанија. Атлетико е на најдобар пат да го комплетира трансферот на Аксел Вицел, а следната обврска е ангажирање на десен бек.

Според медиумите во Шпанија, клубот од престолнината би сакал да ја прекине соработката со петмина играчи.

Саул Нигез, Алваро Мората, Анхел Кореа и Родриго де Пол се на трансфер листата и со продажбатана овие фудбалери не само што ќе се покрие негативата туку може да се обезбедат и квалитетни засилувања.

ФОТО: Игор Паневски