Македонската фудбалска репрезентација вчера ги почна подготовките за претстојните две гостувања кај Летонија и Ерменија во рамки на Лигата на Нации на УЕФА.
Целта на избраниците на селекторот Благоја Милевски е освојување на првото место во групата, а за тоа се потребни два добри натпревари односно победи.
Давид Бабунски смета дека Македонија иако е фаворит треба да биде скромна и да се бори за секоја шанса на теренот.











