Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Баерн се раздели со Кансело и Блинд

/

пред 1194 дена

Сподели преку :

Минхенски Баерн дефинитивно се откажа од намерата да ги откупи договорите на двајца фудбалери кои дојдоа во клубот како позајмени играчи.

Жоао Кансело и Дејли Блинд може да се вратат во клубовите од кои дојдоа во текот на јануарскиот преоден рок иако во договорите имаше и клаузули според кои Баварците имаа право на откуп.

Португалецот, Кансело во Баерн дојде од Манчестер Сити, а првакот на Германија по разочарувачките настапи во вториот дел од сезоната нема намера да го плати огромно обештетување од 70 милиони евра.

Додека Блинд во Баерн дојде од Ајакс и од денеска тој има статус на слободен играч и може без проблеми да ја смени средината.

За Кансело постои интерес од страна на Арсенал, кој е подготвен да преговара со Манчестер Сити за намалување на обештетувањето додека за Блинд се шпекулира дека е многу блиску до преселба во Џирона.

ФОТО: Игор Паневски