Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бах разочаран од реакциите на европските земји

/

пред 1284 дена

Сподели преку :

Претседателот на Интернационалниот олимписки комитет, Томас Бах изрази жалење за бурните реакции на одредени земји по препораките за враќање во натпреварувачкиот систем на спортистите од Русија и Белорусија.

Првиот човек на олимпиското движење е разочаран од реакциите на одредени земји од Европа, пред се на владите на Полска, Велика Британија и Чешка кои остро се спротивставија на препораката за вклучување на натпреварувачите од двете земји кои пред една година поради инвазијата врз Украина беа исклучени од сите натпреварувања.

Бах смета дека на спортистите треба да им се даде шанса да настап на Игрите во Париз,а да може идејата да се реализира сите спортски асоцијации треба да ја симнат веќе изречената суспензија. Дополнителен проблем за Бах не се само трите наведени земји туку против неговата идеја е матичниот Олимписки комитет на Германија кој исто така се противи на овој предлог.

Бах најави дека конечната одлука за евентуалното враќање наспортистите од Русија и Белорусија ќе биде донесена во следниве неколку месеци.