Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бајрами: Почнуваме од нула, да одиграме тактички и дисциплинирано

/

пред 1534 дена

Сподели преку :

Утре во Софија, фудбалерите на Македонија ЃП ќе го одиграат реванш дуелот од второто квалификациско коло во Конференциската лига, а противник е ЦСКА.

По првиот меч во Скопје, Македонија ЃП не успеа да обезбеди предност откако дуелот заврши без голови.

“Почнуваме од нула по она реми без голови во Скопје. Останувам на тоа дека ЦСКА Софија е фаворит, но ние во Скопје успеавме да одиграме тактички дисциплинирано. Сега ќе биде еден сосема поинаков меч во Софија, двата тима повеќе се познаваме, знам дека ќе ни биде тежок натпревар но верувам во моите момци дека можат повторно да одиграат квалитетен меч. Можеби ЦСКА не е во својата најдобра форма, има нов тренер, нови прилагодувања за играчите, но секако се силен тим кој јасно е дека ќе атакува на победа”, изјави тренерот на Македонија ЃП, Муарем Бајрами.

Мечот во Софија почнува во 19 часот.

ФОТО: Игор Паневски