Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бањаја како во шампионските денови: Пол-позиција и спринт победа

/

пред 343 дена

Сподели преку :

Франческо Бањаја имаше перфектна сабота во Малезија во рамки на Мото ГП шампионатот. Мотоциклистот на Дукати ја освои пол-позицијата и потоа славеше на спринт трката. 

Бањаја во квалификациите за Големата награда на Малезија оствари најбрз круг со време од 1 минута, 57 секунди и една илјадитинка за трета сезонска пол-позиција. Во првиот стартен ред утре друштво ќе му прават Алекс Маркез и Франко Морбидели, а од вториот ред ќе тргнат Фабио Квартаро, Педро Акоста и Фермин Алдегер.

На спринт трката, Бањаја покажа дека повторно е во класа сам за себе. Италијанецот дојде до победата со нешто повеќе од две секунди пред Алекс Маркез, кој со второто место ја обезбеди и вицешампионската титула во генералниот пласман зад својот брат Марк, кој ја освои титулата уште пред три трки во Јапонија.

Трет низ целта мина Фермин Алдегер, но веднаш по трката заработи казна од осум секунди поради помал притисок во гумите и официјално финишираше на седмото место. На подиумот неговото место го зазема Педро Акоста.

Во генералниот пласман, првото и второто место веќе се обезбедени, односно им припаѓаат на браќата Марк и Алекс Маркез, додека Бањаја со денешната победа на спринтот се искачи на 3.место со 286 бодови, колку што има и Марко Бецеки.

Трката за Големата награда на Малезија утре стартува во осум часот наутро по средноевропско време.