Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бањаја победи во Малезија: Шампионот во Мото ГП се решава на финалната трка во Барселона

/

пред 700 дена

Сподели преку :

Франческо Бањаја ги задржа надежите за одбрана на шампионската титула во Мото ГП откако утринава славеше пред својот најголем ривал Хорхе Мартин на трката за Големата награда на Малезија. Финалната сезонска трка наместо во Валенсија најверојатно ќе се одржи во Барселона.

Бањаја и Мартин имаа фантастични дуели на стартот на трката по кои Италијанецот излезе како победник. Ова беше клучна трка за мотоциклистот на фабричкиот Дукати за да ги одржи шансите за титулата. Зад двајцата конкуренти на подиумот финишираше Енеа Бастијанини.

А меѓу најдобрите десетмина беа и Алекс Маркез, Педро Акоста, Фабио Квартараро, Маверик Вињалес, Алекс Ринс, Марко Бецеки и Аугусто Фернандез.

Во генералниот поредок Мартин е лидер со 485 бодови, додека Бањаја има 24 помалку. Во игра се вкупно 37 бодови, бидејќи за победа на спринт трка се освојуваат 12 бодови, а на трката 25.

Последната трка во сезоната ќе се одржи за две недели најверојатно во Барселона. Валенсија отпадна поради катастрофалните поплави изминатата недела во овој град. Официјално ќе биде потврдено во следните 48 часа.