Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барселона и Сити го договорија обештетувањето за Кансело

/

пред 1102 дена

Сподели преку :

Жоао Кансело импресионира на стартот на својата кариера во дресот на Барселона. Португалскиот десен бек дојде во каталонскиот тим во последниот ден од преодниот рок на позајмица од Манчестер сити.

Информациите во шпанските медиуми се дека Барселона веќе се договорила со премиерлигашот целосно да го откупи неговиот договор идното лето и тоа за 35 милиони евра.

На четири натпревари во Ла Лига, тој има два постигнати гола и една асистенција.

Во Барселона моментално на позајмица игра и Жоао Феликс, но за него веројатно ќе биде потребно поголемо обештетување за да го откупи целосно од Атлетико Мадрид.