Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барселона сака да го врати Дани Олмо

/

пред 1290 дена

Сподели преку :

Според пишувањата на некои медиуми во Шпанија, Барселона во текот на летниот преоден рок планира во своите редови да го врати репрезентативецот на Шпанија, Дани Олмо.

Поранешниот член на младинската академија на Каталонците има уште 15 месеци од договорот со Лајпциг и на Камп Ноу сметаат дека е вистинско време да се почнат преговори за комплетирањето на трансферот.

Неофицијално Бундес лигашот е подготвен да ја прекине соработката за сума од 40 милиони евра што е прифатлива за Барселона, која сепак во следниот период за да може да регистрира нови играчи ќе мора да го намали буџетот за плати за 200 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски