Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барселона се извлекува од финансиската криза

/

пред 1562 дена

Сподели преку :

Барселона денеска ја го официјализираше новиот договор според кој уште на почетокот ќе инкасира 207,5 милиони евра, сума со која полека ќе почне да се извлекува од финансиската криза.

Каталонците обелоденија дека на компанијата Sixth Street и се продадени 10 проценти од телевизиските права и тоа за период од 25 години.

Се очекува дека во првата година вкупната сума ќе достигне 267 милиони евра што е доволно да се задоволи финансискиот фер плеј и клубот полека да почне да ја формира екипата за следната сезона.

Интересен е податокот дека компанијата Sixth Street инвестира и во вечниот ривал на Барселона, Реал Мадрид каде се откупени 30% од правата за организација на настани на Сантијаго Бернабеу, а парите се искористени за реновирање на стадионот на кој настапува Кралскиот клуб.

ФОТО: Игор Паневски