Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Барселона со нова понуда за Левандовски

/

пред 1563 дена

Сподели преку :

Според пишувањето на медиумите во Шпанија, Барселона подготвува нова понуда до Баерн за реализација на трансферот на Роберт Левандовски.

Иако се уште нема официјална потврда Каталонците за полскиот репрезентативец се подготвени да платат обештетување од 40 милиони евра плус бонуси кои во зависност од личните и тимските постигнувања може да достигнат меѓу пет и 10 милиони.

Од спротивната страна нема никаков одговор иако во Германија се тврди дека Баерн постојано ја зголемува цената се со цел да го задржи Полјакот и во следната сезона па се споменуваат суми од 50 до 75 милиони евра.

Барселона сака да го комплетира трансферот до средината на јули за кога е закажан почетокот на подготовките за новата сезона.