Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Бецеки славеше на првата исторска трка во Индија, а лидерот во шампионатот Бањаја – излета!

/

пред 1105 дена

Сподели преку :

Светскиот шампионат во Мото ГП шампионатот од денеска е многу поинтересен откако Марко Бецеки славеше на првата исторска трка за Големата награда на Индија, а лидерот и актеуелен светски шампион Франческо Бањаја не ја заврши трката.

Бецеки пол-позицијата остварена вчера ја претвори во победата во Индија, а финишираше пред Хорхе Мартин, кој вчера победи на спринтот, а трет беше поранешниот светски првак Фабио Квартараро.

Лидерот во генералниот пласман Франческо Бањаја излета од трката на осум круга до крајот. Четврти беше Бред Биндер, петтото место го освои Жоан Мир, а потоа следуваат Јоан Зарко, Франко Морбидели, Маверик Вињалес, Марк Маркез и Раул Фернандез.

Бањаја останува лидер во генералниот пласман со 292 бода, но Мартин сериозно се доближи и сега има 279. Денешниот победник Бецеки има 248 бодови.

Следната трка во Мото ГП шампионатот е за Големата награда на Јапонија на патеката „Мотеги“ веќе следниот викенд.