Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Белингам посакува трансфер во Ливерпул

/

пред 1337 дена

Сподели преку :

Англискиот репрезентативец и член на Борусија Дортмунд, Џад Белингам сигурно ќе биде една од ѕвездите на претстојниот летен преоден рок.

Голем број на клубови посакуваат 19 годишниот играч да биде дел од екипата, но очигледно дека еден од најталентираните европски фудбалери веќе одредил каде ќе ја продолжи кариерата.

Според пишувањето на медиумите во Велика Британија, Белингам ги одбил понудите за преселба во Реал Мадрид, Челзи и Пари Сен Жермен и дека негова голема желба е да го носи дресот на Ливерпул.

Борусија Дортмунд грчевито се бори да го задржи Англичанецот во своите редови и за продолжување на соработката му нуди годишна плата од 15 милиони евра.

Актуелниот договор на Белингам важи до 2025 година, а Борусија за предвремен раскин бара обештетување од 110 милиони евра.

ФОТО: Игор Паневски