Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Берхуис со тупаница нападна навивач на Твенте, па се извини (ВИДЕО)

/

пред 1226 дена

Сподели преку :

Фудбалерот на Ајакс, Стивен Берхуис вчера предизвика голем скандал откако нападна навивач на Твенте пред тимскиот автобус. Холандскиот репрезентативец реагираше нервозно откако еден навивач му дофрли нешто, па го удри со тупаница.


Берхуис, кој има 31 година денеска веднаш се извини јавно за својата постапка.

„Се каам за мојата постапка и не требаше да го направам тоа. Навикнат сум на луѓето да довикуваат што сакаат. Мојата реакција не решава ништо. Го разбирам тоа. Не е добро и јас треба да бидам вистински пример како играч на Ајакс“, објави Холанѓанецот.

Ајакс имаше очјана сезона во холандскиот шампионат и заврши на третото место на табелата, што значи дека нема да игра во Лигата на шампиони за прв пат по 2009 година.